Фудбалерите на Милан забележаа нова победа во Италијанската Серија А откако на домашен терен на „Сан Сиро“ го совладаа тимот на Венеција со 2:0, во натпревар во кој главен јунак кај гостите беше српскиот чувар на мрежата Филип Станковиќ, додека кај домашните одлучи инспирацијата на Рамос.
Притисокот на „росонерите“ даде резултат кога Рамос успеа да ја пробие збиената одбрана на Венеција и да го совлада расположениот Станковиќ во 69’ за ерупција од одушевување на трибините на „Сан Сиро“.
До крајот на мечот Венеција се обиде да тргне поизрамнето и да стигне до израмнување, но Милан рутински ја приведе средбата до крај и ги запиша планираните три бода со автоголот на Халхал во 89’.










