Младинскиот репрезентативен стопер Димески го облече дресот на Тиквеш

57

ГФК Тиквеш официјално го потврди ангажманот на младиот македонски репрезентативец Андрија Димески, кој во новата сезона ќе го носи црвено-белиот дрес на клубот од Кавадарци.

Станува збор за еден од поперспективните централни дефанзивци во македонскиот фудбал и стандарден член на младата репрезентација на Македонија до 21 година (У21), со чие доаѓање кавадаречкиот прволигаш дополнително ја зацврстува својата одбранбена линија.

Димески во Македонија доаѓа од српски Вождовац каде настапуваше во последните две сезони.

ПретходноМИ 2026: И Италија подобра од нашите ракометарки
Следно„Бомбата“ е подготвена: Баркола утре пристигнува во Ливерпул