Имал понуди од клубови што играат во Лигата на шампионите, но реши да игра во Втора лига

99

Алваро Мората откри дека пред да го избере Леганес имал понуди од повеќе клубови, меѓу кои и екипи што ќе настапуваат во Лигата на шампионите. Сепак, 33-годишниот шпански напаѓач реши да се врати во Мадрид и да заигра во Сегунда, како позајмен од италијански Комо.

Мората вели дека пресудни биле довербата и амбициозниот проект на Леганес, но и желбата повторно да ужива во фудбалот.

„Во животот не е сè во освојувањето трофеи и играњето во Лигата на шампионите“, порача тој на промоцијата.

Шпанецот призна дека зад себе има тежок период и дека во моментов најважно му е повторно да се чувствува важен на теренот. За него враќањето во родниот Мадрид има и силна семејна димензија.

ПретходноСтуден туш за Баер (Л) на гостувањето кај Елверсберг, РБ Лајпциг почна моќно
СледноСензационалниот Хал повторно победи, реми меѓу Борнмут и Евертон