Мурињо: Знам кој треба да ја добие „Златната топка“, а тој не игра во ПСЖ и не е репрезентативец на Шпанија

149
ФОТО:x.com/realmadriden

Жозе Мурињо, старо – новиот тренер на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред дуелот со Малага во третото коло од Ла Лига, и зборуваше за – Златната топка.

Тој беше мистериозен во врска за тоа кој треба да ја освои Златната топка и рече дека знае кој ја заслужува, и дека не игра за ПСЖ или за шпанската репрезентација:
“На индивидуално ниво, тоа е многу убаво натпреварување. Малку кој го освојувал. Имаме три или четири играчи на тоа ниво. Треба да биде некој чие отсуство ќе се почувствува откако ќе се пензионира:Марадона, Роналдињо, Роналдо, Кристијано, Меси, Матеу…Не можете да ја доделите Златната топка за освојување на Лигата на шампионите или Светското првенство. Има три или четири играчи и знаеме каде се. И знаеме кој направи историја ова лето. Но, ако политиката се вмеша, тогаш помалку ми се допаѓа. Тој не е ниту во ПСЖ ниту во шпанската репрезентација. Тоа е некој друг“ посочи Мурињо.

Јасно е дека тој не го спомна Килијан Мбапе, ама просто го “нацрта“ со овие негови зборови.

ПретходноКуглање: Македонски репрезентативец со Гинисов рекорд!(ФОТО)
СледноОва е вистинскиот Јуве, падна и Парма пред четата на Спалети