Норис и Мекларен продолжуваат заедно до 2030 година

21

Ландо Норис и Мекларен го продолжија партнерството, откако британскиот возач потпиша нов повеќегодишен договор со тимот. Со новиот „дил“, Норис ќе остане дел од Мекларен најмалку до 2030 година, продолжувајќи ја приказната која започна уште во 2017 година, кога тој беше дел од младинската програма на тимот.

Од 2019 година Норис е редовен возач во Формула 1, а во изминатите сезони се наметна како еден од лидерите на новата генерација. Со Мекларен досега има остварено 13 победи, 18 пол-позиции и 48 пласмани на подиумот.

Најголемиот успех го постигна минатата сезона, кога ја освои првата светска титула во кариерата, во драматична борба за шампионскиот трофеј. Во истата сезона Мекларен ја освои и титулата во конкуренција на конструктори, потврдувајќи го враќањето на тимот меѓу најдобрите.

ПретходноУЕФА покрена постапка против Црвена звезда поради транспарентите за Ратко Младиќ
СледноБледиот Ливерпул едвај извлече бод дома против Нотингем Форест