ПМФЛ: Арсими на мегдан со Скопје, “Пиратите“ ја посакуваат првата победа

81
ФОТО:.facebook.com/kfaresimi/

Иако е сабота, денеска во рамките на 5.коло ќе има само еден прволигашки меч, исто како и утре. Попладнево во Гостивар, со почеток од 16.30 часот силите ќе ги одмерат домашниот состав на Арсими и Скопје. Меч од 5.коло во кој се среќаваат екипи кои оваа сезона ќе бијат жестока битка за опстанокот. По катастрофално лошите стартни кола, Арсими е во налет. Две победи, од кои последната како гостин кај Шкендија Арачиново па така сега составот на стратегот Вилдан Салиу има шест бода, исто колку и шампионот Вардар.

Тимот од Автокоманда во првите четири кола забележаа само две ремија, немаат победа и затоа со само два бода се претпоследни на табелата, подобри се само од Башкими.

Пиратите“ ја посакуваат првата победа, и тоа како добро ќе им дојде, но сепак треба да се знае дека на последните два меча Арсими одигра квалитетно и забележа две победи. Арсими си има свои амбиции, тешко дека ќе пропушти ваква шанса да дојде до “три од три“ и со девет бода да се искачи дури на третата позиција на табелата, веднаш зад Шкендија и Струга.

Сепак пресметките се едно, а кога ќе искочиш на терен сосема нешто друго.

Натпреварот започнува во 16.30 часот за главен судија одреден е Влатко Илиоски.

ПретходноКомпани: Сакаме да продолжиме со она што го правевме во последните години
СледноМарио Младеновски потпиша нов договор со Вараждин!