Почина уште една легенда на Пелистер: Победата во Ѓорче посветена на Божо Димчевски! (ФОТО)

145
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola

Уште една тажна вест од фудбалска Битола. Денеска почина Божо Димчевски.

Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата на ФК Пелистер по повод неговата смрт.

Денес во 72-тата година од животот ненадејно почина Божо Димчевски – една од најмаркантните фигури во историјата на ФК Пелистер. Димчевски беше лидер и значаен фактор во многу успешни генерации на клубот. Тој припаѓа на генерацијата која ги постави темелите за подоцнежниот развој на клубот.

Своите фудбалски чекори ги започна во 1966 година, во тогаш новоформираната пионерско-младинска фудбалска школа на ФК Пелистер, под водство на тренерите Васко Вангелов и Крсте Ефтимовски. Настапувајќи за младинците, успева да се избори за место во тогашната младинска репрезентација на Македонија на републички турнир во Цетиње. На само 18-годишна возраст дебитира за сениорскиот состав на Пелистер.

Бил дел од клучната генерација која во сезоната 1974/1975 го оствари најголемиот успех на клубот дотогаш — историскиот пласман во Втората сојузна југословенска лига. Димчевски е еден од фудбалерите со најмногу официјални настапи во историјата на битолскиот клуб.

Неговата активна играчка кариера заврши во 1984 година со свечен проштален натпревар. И по пензионирањето, тој остана активен како ветеран на клубот, каде што настапуваше до самата смрт“

ПретходноФутсал: КМФ Проект со второ реми во квалификациите во ЛШ
СледноПо несреќата на „Вуелта“: Тадеј Погачар мора на операција!