Футсал: КМФ Проект со второ реми во квалификациите во ЛШ

49

КМФ Проект во меч од 3.коло во квалификациите во ЛШ во групата, денеска одигра 3:3 против составот на Макаби Нетанја (Израел). Ова беше последен меч за нашиот шампион на турнирот кој се одигра во Грац Австрија.

Тимот од Израел постојано беше во водство, ама македонскиот шампион изнаоѓаше сила постојано да израмнува за конечни 3:3. Стрелци на головите на КМФ Проект беа Димитриев, Јанев и Благоевски.

Инаку ова беше и второ реми за нашиот состав во групата во овие квалификации па така со освоени два бода го заврши својот настап на 3.место.

Колку за потсетување КМФ Проект започна со пораз од домашниот состав на Грац, потоа реми со Силико и денеска повторно реми, сега со тимот од Израел.

ПретходноФрозиноне со “тројка“ и го честиташе 100-тиот роденден на Фиорентина
СледноПочина уште една легенда на Пелистер: Победата во Ѓорче посветена на Божо Димчевски! (ФОТО)