ВМФЛ: “Ранетиот“ Пелистер на гости во Ѓорче, Работнички сака нова победа

70
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Денеска и утре на програмата се сите мечеви од 3.коло во ПМФЛ. Дербито се игра во Ѓорче каде Македонија ЃП го пречекува “ранетиот“ Пелистер во меч на екипи кои минатата сезона играа во елитата и испаднаа.

Битолчани по првите две кола, иако играа како домаќини, немаат победа, освоија само два бода и во случај ако и денеска не триумфираат и дефинитивно ќе му биде „жешко“ на тренерот Борче Христов. “Лавовите“ иако со драстично млад состав освоија 4 бода и легитимно е да посакуваат победа на свој терен. Во секој случај ќе биде супер интересно.

Работнички во Маџари ќе му биде домаќин на Еуромилк и ќе биде фаворит. Тимот од Дебар Маало ја посакува втората победа во својот втор меч.

Денеска од 16.45 часот се играат и мечевите Брера – Камјани и Осогово – Новаци. Утре се играат три меча, од 16.45 часот се среќаваат Шкупи – Тетекс и Охрид – Кожув, а од 20 часот во вечерен термин во Струмица домашната Беласица го пречекува Детонит.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16.45 Ч)

Струмица: Брера – Камјани

Скопје: Македонија ЃП – Пелистер

Скопје: Работнички – Еуромилк

Кочани: Осогово – Новаци

НЕДЕЛА

Скопје: Шкупи – Тетекс (16.45 ч)

Охрид: Охрид – Кожув (16.45)

Струмица: Беласица – Детонит (20 ч)

ПретходноБура во Лил по драмата со ПСЖ: Ова е скандал!
СледноКомпани: Сакаме да продолжиме со она што го правевме во последните години