Марк Маркез е „крал“ на спринтот во Арагон

23
фото: Overtake.GP | MotoGP @Overtake_GP (X)

Марк Маркес ја продолжи доминацијата во спринтерските трки во Арагон, откако третпат по ред триумфираше на „Моторланд Арагон“. За актуелниот светски шампион ова беше 20-та победа во спринт во кариерата, а петта сезонава.

Возачот на Дукати стартуваше од втората позиција, но веднаш на првиот свиок со агресивен маневар го мина Марко Безеки и го презеде водството. Безеки потоа загуби уште една позиција, бидејќи второто место го презеде Алекс Маркес.

Марк остана недостижен во преостанатите 11 круга и на целта стигна со 1,1 секунда предност пред својот помлад брат. Безеки заврши трет, со две секунди заостанување, додека Педро Акоста го освои четвртото место.

Главната трка за Големата награда на Арагон е на програмата в недела од 15 часот.

ПретходноБледиот Ливерпул едвај извлече бод дома против Нотингем Форест
Следно18-годишниот син на Робињо од Сантос се сели во Џенова