Пресврт: Иако понуди оставка, Илиќ останува на клупата на Партизан

60

Иако си даде отказ, Саша Илиќ, сепак, ќе остане тренер на Партизан. По тешкиот пораз од Младост во Лучани, стратегот понуди оставка, но управата на клубот успеала да го убеди Илиќ да остане најмалку до реваншот со Хетафе, а атмосферата на натпреварот и поддршката од навивачите очигледно биле дополнителен мотив за тренерот да продолжи со работа.

И покрај елиминацијата од Хетафе и лошиот старт во домашното првенство, Илиќ по натпреварот порача дека токму таков Партизан сака да гледа. Засега нема да има промена ниту во раководството, кое планира Собрание за крајот на септември.

ПретходноНашиот Остоја Стјепановиќ го продаде Угрешиќ во ПАОК
СледноСтуден туш за Баер (Л) на гостувањето кај Елверсберг, РБ Лајпциг почна моќно