Срамотааа…! Пенал „љубави“ за Пелистер! (ВИДЕО)

1585

Се играше 81. минута од второлигашкиот дуел Македонија ЃП – Пелистер во скопската населба Ѓорче Петров и моментот кога се случи невиден преседан, превид или грешка… Глупост на Пларент Салихи, судијата од Тетово кој го допре дното по одлуката да досуди пенал за Пелистер во момент кога гостинскиот напаѓач Христов падна без никаков контакт со ниту еден противнички играч.No description available.

Момент на одлука по која Ивановски стрела од белата точка и го спасува „зелениот“ брод од Битола кој конечно стигна до првата победа во новата сезона иако беше прашање дали до тоа ќе дојдеше ако не беше кататсрофалната грека на судијата. До тој момент домашните одиграа „лавовски“ имаа и неколку шанси за најзрелата – зицерот на Темелковски во 31 минута.No description available.

При 0:0 со супер шанса за домашните и преку Георгиевски а Пелистер имаше закани преку Капсаров, Кире Ристевски и Ивановски. Револтот на домашната публика, на домашните играчи и службени лица кажува се со тоа што имаше и гужви по завршувањето на средбата. На „ју-туб“ каналот на Македонија Ѓ.П постои линк од средбата и таму може да се види спорната 81 минута и смешниот пенал за гостите.

На останатите средби кои се играа денеска Осогово и Новаци одиграа без голови во Кочани во меч на кој домашните имаа иницијатива, шанси и пречка во 41 минита но мрежите останаа да мируваат. Фудбалерите на Работнички потешко од очекувањата стигнаа до победата над скопскиот ривал еуромилк од Горно Лисиче.No description available.

Момент на одлука беше 58 минута кога мрежата на гостите ја тресеше Богдановски. Неизвесен и драматичен меч одиграа и екипите на Брера и Камјане во Струмица каде домашните славеа со 2:1 а во првиот дел гол серијата ја отвори Жоглев кој во 20 минута погоди од белата точка. Во вториот дел Ристовски зголеми на 2:0 а за гостите во листата на стрелците се запиша Истаили.

Втора лига 3. Коло: Македонија Ѓ.П – Пелистер 0:1 Брера – Камјане 2:1 Работнички – Еуромилк 1:0 Осогово – Новаци 0:0

Утре играат: Шкупи – Тетекс Охрид – Кожув Беласица – Детонит

Табела: 1. Брера 7 2. Работнички (-1) 6 3. Беласица (-1) 6 4. Пелистер 5

ПретходноТиквеш се засили со напаѓач од Нигерија!(ФОТО)
СледноСите се подготвени: Македонија има само една цел – победа во Виена (ФОТО)