Беласица и Детонит одиграа без победник

69

Беласица остана без максимален ефект во Втората лига, откако на домашен терен ремизираше 1:1 против Детонит.

Во дербито на источниот дел од земјата, гостите први стигнаа до водство, но на несреќен начин. Спасиќ во 26. минута реагираше несмасно по еден центаршут од левата страна и со глава си постигна автогол. Беласица во продолжението успеа да се врати во натпреварот, а Димовски во 64. минута реализираше удар од белата точка за конечни 1:1.

До крајот на средбата немаше промена на резултатот, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

ПретходноГаштаров со нови 90 минути за Ц. Звезда, Ташовски стартер за Младост
СледноЧалханоглу и Фратези им донесоа победи на Интер и Лацио