Каков Реал? Страшен Реал: Џуд и друштвото ја прегазија Малага за три од три

412

Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжија фантастичната серија во шпанското првенство и запишаа нова убедлива победа, овојпат против екипата на Малага со 4:0. Екипата предводена од Жозе Мурињо на теренот изгледа апсолутно перфектно и најавува возбудлива сезона во шпанската лига.

Маестралниот Џуд Белингем го отвори резултатот во 19-тата минута со прекрасен соло продор и гол во вториот агол. Истиот фудбалер беше автор и на вториот погодок на Реал кој дојде само 6 минути подоцна, а за кој стрелец беше дефанзивецот на Малага Хереро кој не успеа да ја исфрли топката испратена од Џуд и несреќно си постигна автогол. Килијан Мбапе стави печат на победата на Реал уште во 30-тата минута со убав волеј на асистенција на Алексадер- Арнолд. Второто полувреме беше само формалност, а четвртиот гол на мечот го постигна Арда Ѓулер во 91-та минута.

Со оваа победа Реал останува на врвот на табелата со максимален учинок од 3 победи на 3 натпревари и гол разлика 10:2.

ПретходноРајт: Мислам дека добро се снајдов, во Скопје ќе биде уште подобро
СледноРедици за селфи со Димитријевиќ, Војдан, Рајс…(ФОТО)