Македонија во очите на Австрија, „очите“ се вперени во двајца играчи!

192

✍️ Од Виена за СПОРТСПОРТ, Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација го отвора вториот претквалификациски циклус за пласман во квалификциите за Европското првенство 2029 година. Прв противник е Австрија, мечот се игра денеска во Спорт Арена во Виена со 16:05 часот.

Кошаркарите на Австрија во првото коло беа поразени од Кипар на гости, па сега на домашен терен се надеваат на многу подобра игра и секако победа. Најголемата опасност ја гледаат во новиот тандем Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.

„Нашата најголема сила е во играњето со многу енергија во текот на целиот натпревар. Ова ќе биде клучно против Македонија. Тие поседуваат неверојатен индивидуален квалитет, вклучувајќи двајца играчи со Евролигаашки калибар и на тоа можете да се спротивставите само со многу колективна енергија. Мозес Рајт игра за Олимпија Милано (Италија) во највисоката лига во Европа, додека Ненад Димитријевиќ исто така претходно беше под договор со италијанскиот тим и неодамна беше дел од составот на Баерн Минхен во Евролигата. Тој потпиша со Арис Солун (Грција) за новата сезона“, велат Австријците. 

ПретходноДетето од Пирок прво удри на Хајдук, а сега и на Динамо
СледноЕве колку пари заработи Хрговиќ за освојувањето на светската титула во бокс (ВИДЕО)