Македонија е апсолутен фаворит против Австрија (ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО)

378

Македонската кошаркарска репрезентација денеска е гостин на Австрија во првиот натпревар од втората претквалификациски рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година.

Победа за нашиот национален тим ќе значи огромен чекор кон остварување на главната и единствена цел.

Директен пренос од мечот од Виена нема да прави ниту една македонска телевизиска куќа. За жал македонската јавност овој натпревар ќе мора да го гледа на интернет преку Јутуб каналот на ФИБА Европа.

Ова е навистина штета особено ако се земе во предвид дека составот на Македонија е надполнет со евролигашкиот тандем Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.

ПретходноЕве колку пари заработи Хрговиќ за освојувањето на светската титула во бокс (ВИДЕО)
СледноБум: Хулијан Алварез им се врати на тимските тренинзи!(ВИДЕО)