Македонија ја „растури“ Австрија, Димитријевиќ испорача трипл-дабл (ФОТО)

658
Фото: ФИБА

Од Виена за СпортСпорт – Марија Ковачева

Македонската кошаркарска репрезентација со победа ја отвори втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година. На првиот натпревар нашите момци ја победија Австрија со 59-91 и направија голем исчекор кон посакуваната цел. На трибините како што се очекуваше доминираше „црвено-жолтата“ боја, македонската Фаланга од Виена дојде да ги бодри. кошаркарите.

Лидер на теренот беше Ненад Димитријевиќ, сиот свој потенцијал го стави на располагање, поентираше кога беше потребно и најважно го разигруваше тимот. Зад своето име запиша трипл-дабл од 15 поени, 14 скока и 11 асистенции. Рајт добро се вклопи во тимот, Американецот со македонски пасош дебитираше на овој меч со 12 поени 9 скока. Виктор Ефремовски со 17 поени беше прв стрелец.

За одбележување е 99-от настап на капитенот Војдан Стојановски. Тој на следната средба ќе прослави голем јубилеј. Берокал им даде шанса на сите кошаркари кои се најдоа во составот.

Македонија отвори со две тројки на Виктор Ефремовски, на другата страна Австрија успеа да израмни на 6-6, но тоа беше последен пат кога успеа да и се „закани“ на Македонија. Со цврста одбрана, нашите кошаркари почнаа да го полнат кошот на противникот. Со ударна серија од 11-0, Македонија дојде на плус 15 (11-26). Селекторот Берокал одлично ги ротираше играчите, па на стартот на втората четвртина 16-38.

Фото: ФИБА

Австрија се обиде со четири поени да го наруши ритамот на нашата репрезентација, но Берокал веднаш повика тајм-аут, па Македонија продолжи да доминира на теренот. На одморот резултатот беше 30-49.

Ништо не се промени ниту во продолжение, најголемата позитва која Македонија ја имаше во овој дел беше плус 27 (33-60). Во последните десет минути нашата репрезентација влезе во предност од 44-51, доволно за мирен финиш.

Следниот натпревар од овие претквалификации Македонија го игра пред крајот на ноември, на домашен терен ја пречекува селекцијата на Кипар.

ПретходноМанчестер Јунајтед со 80 милиони евра тргнува по двете ѕвезди на Реал Мадрид!
СледноФОТО ЗА НАВЕК: Заедно сме најсилни!