Одличен почеток во Бундеслигата: Томовски „фати“ 15 топки за победа на гости

168
ФОТО:facebook.com/SGBBM

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одличен настап на стартот од новата сезона во германската Бундеслига.

Неговиот Битигхајм славеше на гостувањето кај Вецлар со 35:33 и со победа ја започна сезоната. Томовски беше еден од клучните играчи во триумфот, откако забележа 15 одбрани, со што им зададе сериозни проблеми на домашните ракометари.

За Томовски ова е одличен почеток на сезоната и најава за уште подобри настапи во дресот на германскиот клуб.

ПретходноМаестралниот Бруно му донесе прва сезонска победа на Манчестер Ј.
СледноМИ 2026: Трајковски деветти во скок во далечина