Денеска од 16.30 часот се игра еден меч од 5.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Во Куманово се среќаваат Башкими и Шкендија Арачиново. Екипи кои во минатото коло беа поразени од Брегалница и Арсими.
Во изминатите четири кола кумановци не успеле да постигнат гол, за бод(ови) или победи воопшто и да не говориме. Имаат гол разлика 0-15, и со тоа по малку наликуваат на тоа што минатата сезона беше Шкупи.
Шкендија Арачиново како дебитант во нашата фудбалска елита имаше добар старт, но направи дома кикс со поразот од Арсими и сега ќе мора некаде да се “вади“ што се вели. А каде ако не во Куманово на гости кај Башкими.
Сепак треба да се каже дека во изминатите неколку дена и двете екипи се засилија, Башкими иако е без бод, иако беше убедливо поразен од Брегалница минатата недела сепак во Штип покажа дека има напредок во играта и дека ќе биде тешко да се победи, посебно тешко ќе биде тоа да се стори во Куманово.
Секако дека и Шкендија Арачиново осетно се засили со враќањето на Амир Нухија, како и со добро познатите Ремзифак Селмани и Абдул Руватубје. Нема дилеми дека гостите се фаворити, но стадионот на Башкими во Куманово секогаш е тешко да се освои.















