ПОЛУВРЕМЕ: Македонија дели лекции по кошарка во Виена

468
Фото: ФИБА

Одлично прво полувреме за македонската кошаркарска репрезентација. Нашите момци на дело ја оправдаа улогата на фаворит против Австрија. После 20 минути игра резултатот е 30-49.

Ненад Димитријевиќ со 12 поени е лидер, зад него е Виктор Ефремовски со 10 поени.

Ова е прв натпревар за „црвено-жолтите“ во втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година.

Фото: ФИБА

Македонија отвори со двете тројки на Ефремовски, на другата страна Австрија успеа да израмни на 6-6, но тоа беше последен пат кога успеа да и се „закани“ на Македонија. Со цврста одбрана, нашите кошаркари почнаа да го полнат кошот на противникот. Со ударна серија од 11-0, Македонија дојде на плус 15 (11-26). Селекторот Берокал одлично ги ротираше играчите, па на стартот на втората четвртина 16-38.

Австрија се обиде со четири поени да го наруши ритамот на нашата репрезентација, но Берокал веднаш повика тајм-аут, па Македонија продолжи да доминира на теренот.

Се очекува оваа игра да продолжи и во второто полувреме.

ПретходноПромоција: Рома се засили со дефанзивец од Марсеј!(ВИДЕО)
СледноМартинез дебитираше со три примени гола, ама Челзи сепак победи