Промоција: Рома се засили со дефанзивец од Марсеј!(ВИДЕО)

67
ФОТО:x.com/OfficialASRoma

Екипата на Рома успешно ја започна новата сезона, со убедлива победа над Фиорентина во првото коло од 4:0, утре ќе ги одмери силите со Лече, но тренерот Гасперини во неколку наврати во текот на летото предупреди дека на тимот му се потребни повеќе засилувања, за да почека учество во Лигата на шампионите.
Во елитното европско натпреварување, ривали на Рома ќе бидат: Реал, ПСЖ, Спортинг, Манчестер Јунајтед, Лил, Фенербахче, Слован и АЕК, а најновото засилување за тие натпревари е дефанзивецот на Марсеј, Леонардо Балерди.
По успешните медицински прегледи, тој денес беше официјално претставен во Рома, каде што пристигна на позајмица од Марсеј, платен еден милион евра. Исто така, италијанските медиуми наведуваат дека е договорена опција за задолжително откупување на договорот на крајот од сезоната, за дополнителни 15 милиони евра.
Овој 27-годишен Аргентинец ги помина претходните шест години во Марсеј, каде што пристигна од Дортмунд, а на почетокот на кариерата играше за Бока Јуниорс во својата татковина.
Балерди е петтото засилување на Рома во летниот преоден рок, по претходните пристигнувања на Сантијаго Кастро од Болоња, Родриго Мора од Порто, Константинос Кулиеракис од Волфсбург и Науел Молина од Атлетико Мадрид, со откупот на договорот на Доњел Мулен од Астон Вила.

ПретходноКК Гостивар се засили со Американецот Тарнер (ФОТО)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија дели лекции по кошарка во Виена