Комбинираната кадетско-младинска селекција на Македонија го запиша првиот триумф на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи ја селекцијата на Косово со 27:21.
Македонските ракометарки одиграа сигурен и борбен натпревар, контролирајќи го резултатот во најголемиот дел од средбата. Со дисциплинирана игра во одбраната и ефикасност во нападот, нашата селекција успеа да ја задржи предноста до самиот крај.
Капитенот Леона Миленкоска со 7 погодоци беше лидер во нашиот тим, а втор стрелец беше Мила Рисовска со 5 погодоци. Ова е значајна победа за младите ракометарки.










