Денеска во Виена својот прв натпревар во дресот на Македонија го одигра и Мозес Рајт. Американецотсо македонски пасош во првиот меч постигна 12 поени, но имаше голема задача во дефанзивните задачи.
„Мислам дека секогаш е одлично да се победи, но имавме малку премногу изгубени топки и малку се опуштивме откако поведовме, но севкупно, ја завршивме работата. Чувствувам дека се снајдов многу добро. Чувствувам дека веројатно недостасуваше еден голем атлетски играч и внесов енергија играјќи силно и голем дел од одбраната беше фокусиран на мене, а тоа исто така отвори многу од нашите шутери“, изјави Рајт.
За очекувањата од следниот дуел со Кипар во Скопје, Рајт вели:
„Мислам, имам чувство дека сите во македонската репрезентација играле против физички добар тим, па знаеме што да очекуваме кога станува збор за физичка подготвеност, но играме во Скопје, нели? Во ноември. Значи, ќе биде одличен домашен натпревар, домашна публика, па ќе донесе енергија“.










