Берокал: Оваа победа е поинаква, а гледам и голема разлика во репрезентацијата

307
фото: fiba.basketball

Македонската кошаркарска репрезентација денеска во Виена со блесква победа ги отвори вторите претквалификации за Евробаскетот 2029. По натпреварот, селекторот Хозе Марија Берокал, не го криеше своето задоволство од начинот на кој отворивме во овој циклус.

„Среќен сум. Секогаш е добро да се започне со победа. Оваа победа беше сосема поинаква бидејќи беше лето, некои играчи не беа во форма. Можеби имавме и многу кратки подготовки. Беше прашање како да се игра, но покажавме дека можеме да играме. Добивме добар резултат, ова е многу важно, а сега само треба да почекаме, да се вратиме во нашите клубови и за два и пол месеци да се вратиме да играме дома против Кипар. Но, секако да се почне да се победува е секогаш многу важно, момците покажуваат карактер и тоа е прв чекор“, вели Берокал.

За играта на репрезентацијата, за тимското ниво и за спроведувањето на неговите идеи на теренот, Берокал дополни:

„Во основа гледаме разлика во тимот, бидејќи противникот постигна 59 поени, а тие се добар тим, шутираат, постигнуваат поени. Мислам дека ги добивме сите четвртини, тоа е важно. Мислам дека кога ја делиме топката можеме да играме многу добро, подоцна промашувате или правите удари, за мене тоа не е најважно, само е важно како се игра, а денес во некои моменти игравме добро и сум среќен“.

ПретходноПМФЛ: Шкендија Арачиново победнички среде Куманово!
СледноВМФЛ: Охрид го декласираше Кожув, Тетекс со триумф на Чаир