Сега е официјално: Галатасарај се пофали со Рафа Леао! (ФОТО)

34
ФОТО:facebook.com/Galatasaray

Рафаел Леао официјално се пресели од Милан во Галатасарај, објавија двата клуба! Турскиот шампион ги откри сите детали од договорот на португалскиот напаѓач, за кој „росонерите“ ќе добијат 38 милиони евра, како и 20% од цената при следната продажба на 27-годишниот играч. Самиот Леао потпиша 4-годишен договор со Галата. Според договорот, фудбалерот ќе добива нето плата од 10 милиони евра по сезона и ќе го носи дресот со број 27! Напаѓачот веќе им беше претставен на навивачите на истанбулскиот гигант, а тоа се случи на натпреварот против Гезетепа кој Галата го доби со 3:2.

Леао играше за Милан од 2019 година, имајќи 291 настап во сите натпреварувања, постигнувајќи 80 гола и 65 асистенции. Со „росонерите“, Португалецот ја освои титулата во Италија и Суперкупот на Италија.

ПретходноБум: Хулијан Алварез им се врати на тимските тренинзи!(ВИДЕО)
СледноФедерер е примен во „Куќата на славните“, неговиот говор беше трогателен