Беласица остана без максимален ефект во Втората лига, откако на домашен терен ремизираше 1:1 против Детонит.
Во дербито на источниот дел од земјата, гостите први стигнаа до водство, но на несреќен начин. Спасиќ во 26. минута реагираше несмасно по еден центаршут од левата страна и со глава си постигна автогол. Беласица во продолжението успеа да се врати во натпреварот, а Димовски во 64. минута реализираше удар од белата точка за конечни 1:1.
До крајот на средбата немаше промена на резултатот, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.










