Екипата на Комо ја совлада екипата на Наполи со 1:2 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Фудбалерите предводени од Сеск Фабрегас покажаа дека предходната сезона не беше случајност и дека нивната доминација во италијанската елита само што започнува.
Комо поведе со голот на Мартин Батурина во 17-тата минута, но во 30-тата минута Хојлунд го изедначи резултатот. Само 4 минути подоцна Дувикас го постигна победоносниот гол за Комо и го постави конечниот резултат на натпреварот.
Со оваа победа Комо се искачи на 4-тото место на табелата со 4 бода, а Наполи се наоѓа на 12-тата позиција со 3 бода.










