Мартинез дебитираше со три примени гола, ама Челзи сепак победи

109
ФОТО:.facebook.com/premierleague/

Во терминот од 15 часот се одиграа два меча од 2.коло во ПЛ. На “Стемфорд Бриџ“ домашниот Челзи го победи Брајтон со 4:3. На овој меч на голот на “сините“ свое деби имаше Емилијано Мартинез кој прими три гола, но затоа имаше неколку фантастични одбрани.

Челзи поведе со 3:0 со головите на Лавија, Нето и Жоао Педро. Потоа гостите се вратија на 3:2, за да Палмер зголеми на 4:2, сепак на крајот Грос ги постави конечните 4:3.

Чаби Алонсо може да биде задоволен само од победата и од играта во првата третина од средбата, сепак има “два од два“ на стартот на сезоната во ПЛ.

На останатите мечеви Лидс и Брентфорд одиграа 1:1, а Сандерленд го победи Фулам со 1:0.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија дели лекции по кошарка во Виена
СледноМајсторија на Рибеиро: И Башкими даде гол, по 385 минути! Стрелаше и Фазлагиќ двапати за гостите, за 1:2 по првото полувреме (ВИДЕО)