Од Виена за СпортСпорт – Марија Ковачева
Како што беше и најавено, македонската кошаркарска репрезентација на трибините во „Спорт Арена“ за дуелот против Австрија ќе има поддршка од Фалангата која живее во овој град, но и во близината.
Пред салата македонските фанови се мобилизираат, порачаа дека секогаш и секаде ќе дојдат да ги бодрат фановите. Очекуваат победа и сакаат кошаркарска Македонија да ја видат на Европско натпреварување.
Натпреварот стартува со почеток во 16:05 часот. Ова е прв натпревар за Македонија во втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за ЕП 2029 година.










