Алкалоид гостин кај Ловќен, Е. Пелистер дома ја пречекува Дубочица

93
фото: RK Alkaloid (FB)

Ракометарите на Алкалоид и Е. Пелистер денеска ќе одиграат нови натпревари во новата сезона од Регионалната лига. Аклалоид оди на гости во Црна Гора каде од 19 часот ќе му гостува на тимот на Ловќен, додека во Битола гостува српска Дубочица од Лесковац.

Во групата „А“ Алкалоид предводен од Кирил Лазаров ќе се обиде да стигне до својата втора победа во третиот меч во натпреварувањето. Македонскиот вицепрвак Пелисер има одличен старт со две убедливи победи над Партизан и Ловќен, па денеска избраниците на Лино Червар ќе имаат можност да стигнат до трет триумф во низа и да останат со максимален ефект. Пелистерци досега прикажаа сигурна и ефикасна игра, а тренерот Червар постепено ги воигрува и новите засилувања во тимот.

ПретходноВо дербито на колото во ПЖФЛ: Љуботен подобар од Скопје
СледноИ тоа го има во ПЛ: Бунтот на навивачите го запре трансферот од 40 милиони евра!