И легендарната Венус Вилијамс елиминирана во 1.коло на УС Опен!

96
ФОТО:printscreen

Венус Вилијамс се врати на тенисот на 46-годишна возраст, целиот свет се крена на нозе и со нетрпение го очекуваше враќањето на една од најдобрите тенисерки во историјата. Но… Наместо тоа, добивме удар, кој по поразот на Отвореното првенство на САД може да се нарече епски! Не станува збор за поразот, туку за начинот на кој Венус настапува на ВТА турнејата.

Софија Кенин, нејзината сонародничка, успеа да ја победи Венус по два сета. Првиот период заврши со резултат 6:2, додека вториот период беше вистински драматичен. Видовме два брејка во вториот сет, по што тенисерките успеаја да одолеат на нападите, да ги спасат брејк поените, и се отиде во тајбрејк. Во него, Венус имаше дури четири сет-поени, но Софија ги спаси една по една и на крајот победи. Венус Вилијамс го забележа својот 16-ти пораз по ред. На 46-годишна возраст, таа е само бледа сенка од врвната тенисерка која освои седум Гренд слем титули во текот на својата кариера. Петкратната шампионка на Вимблдон едноставно не личи на себе, а овој пораз само го потврди тоа.

ПретходноПо елиминацијата на УС Опен: Ѓоковиќ нема да биде меѓу ТОП 10 на АТП листата!
СледноЌе биде “жешко“ во Кавадарци: Доаѓа Вардар, Тиквеш на “готовс“!