Сака за нови три бода за Арсенал!

39
Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук

Арсенал ја запиша втората победа во новата сезона откако на гостувањето кај Астон Вила славеше со 0-1. Единствениот погодок на овој натпревар го постигна Сака во 59-та минута.

Претходно, во 55-та минута беше досуден пенал за Арсенал, но ВАР го поништи истиот.

Осум минути од судиското продолжение ѝ дадоа на Астон Вила уште една шанса за израмнување, но резултатот остана непроменет. Арсенал ја задржа својата мрежа и, благодарение на голот на Сака, однесе вреден триумф од Бирмингем.

ПретходноАлкараз рутински ја започна одбраната на титулата
СледноСрбија го урна италијанското проклетство