Србија го урна италијанското проклетство

137
Фото: ФИБА

Кошаркарската репрезентација на Србија ја победи Италија со 76:64 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во кошарка во 2027 година. Србија последен пат ја победи Италија на Светското првенство во 2019 година, а оттогаш претрпе три порази, но таа серија ја прекина вечерва.

Ова беше шеста победа на Србија во квалификациите за Светското првенство, а тие имаат два пораза и моментално се на второто место во Групата Ј, зад Турција која славеше против Исланд на гости со 110-73.

Србија до големата победа ја предводеа Марко Гудуриќ и Алекса Аврамовиќ, кои се истакнаа во најважните моменти кога Италија се закануваше. Аврамовиќ постигна 20 поени, со по три скока и по три асистенции, додека Гудуриќ заврши со 19 поени, четири асистенции и две украдени топки. Никола Јокиќ одигра 24 минути и имаше осум поени и осум скока.

Грција остана во игра за пласман на Мундобаскет откако ја прекина црната серија од три порази, славејќи во трилер-мечот со Шпанија со 108-106. Во истата група Црна Гора загуби од Украина на домашен терен со 89-98. Украина е лидер на табелата.

Шансите за мундијалски пласман на селекцијата на БиХ се сведени на минимум по поразот од 78-73 на гостувањето против Литванија.

ПретходноСака за нови три бода за Арсенал!
СледноЈамал и Рафиња го “средија“ и Рајо за “три од три“ на шампионот