Пред натпреварот Тиквеш – Вардар денеска во Кавадарци и мала свеченост. Имено Тиквеш и официјално го испрати својот капитен Даниел Мојсов во играчка пензија, секако со пригодни подароци и врамен дрес со бр.5. Тука беа и фановите – “Лозарите“, кои со пригоден транспарент му се заблагодарија на Мојсов.
Да потсетиме дека по завршувањето на минатата сезона, стоперот и капитен на кавадарчани, објави дека ја завршува своката долга и успешна кариера, а кавадарчни го чекаа дуелот со Вардар и официјално да се простат од својот “Дачо“. Ова како некоја мала симболика зошто Даниел го носеше и дресот на Вардар во 2010 година.
Инаку Мојсов како кашитен, заедно со своите соиграчи, секако и со својот брат Ѓорѓи, кој беше тренер во таа 2024 година, му го донесе најголемиот успех на клубот – освојување на Купот на Македонија, а потоа и историски прв настап во фудбалска Европа.
Даниел Мојсов својата кариера ја започна, како роден кавадарчанец, во својот Тиквеш. Потоа четири сезони играше во Македонија ЃП каде ја освои и титулата во ПМФЛ. Следуваше трансфер во Вардар за да по само неколку месеци се пресели во Војводина, па потоа во таа негова интернационална кариера со успех играше и за Бран (Норвешка), Лирс (Белгија), Адана Демирспор (Турција), Аек Ларнака (Кипар), Брегалница за да во 2023 се врати во својот Тиквеш за да кариерата ја заврши во мај оваа година на 38 години.
Мојсов беше дел и од нашата А-репрезентација на 39 натпревари и важеше како еден од нашите најдобри дефанзивци во изминатите две децении.
















