ПМФЛ: Храбар Тиквеш! Вардар спаси бод а цел час имаше играч повеќе!

192

Тиквеш – Вардар 1:1 е исходот од последниот меч од 5.коло кој се одигра попладнево во Кавадарци.Интересен меч, во кој Тиквеш го надигра Вардар, имаше и шанси за победа, ама немаше среќа. Фал донесе водство на домашните, израмни Омерагиќ. Храбар Тиквеш, а Вардар блед, без сила, иако играше повеќе од еден час со играч повеќе.

Мирен почеток на дуелот, но по тие први пет минути почна “бурата“. Што ли промаши Сила во таа 7.минута кога Гуџуфи идеално го пронајде својот соиграч, а овој од само 7-8 метри сам, непречен од никого шутираше со глава, но покрај голот на Диковски.

Во следниот напад самиот Гуџуфи опасно се закани, но однови немаше гол. На другата страна гостите можеа да поведат преку Спахиу, но некогашниот фудбалер на Тиквеш, шутираше доста млако од изгледна ситуација. Каков кикс на Диковски и Матиќ, ама кавадарчани во таа 13.минута не успеаја да го искористат.

И конечно гол, во таа 20.минута. Гостинскиот голман Диковски доцнеше со реакцијата, а тоа го искористи Фал за да му донесе водство на Тиквеш и радост на трибините на стадионот во Кавадарци.

Кавадарчани не се ни израдуваа на водството, кога Лавал направи голема глупост, со лакт го удри Најдовски и заслужено доби црвен картон, се гледаше и ВАР снимка. Потег за осуда за домашниот играч кој го остави на цедило својот тим.

Јасно беше дека Вардар е на потег. И гостите наметнаа игра, а во 40.минута Омерагиќ стрелаше за 1:1. До крајот на првиот дел повторно Омерагиќ, а и Бабунски имаа шанса за целосен пресврт, но на одмор се замина со тие 1:1.

ГУЏУФИ ЈА ГАЃА ПРЕЧКАТА НА ГОСТИТЕ

Иако со игрч помалку, Тиквеш и тоа како беше опасен. Во 54.минута Сила малку недостигаше да ја казни грешката на Цветковски и неодлучноста на Диковски. Три минути Гуџуфи од лево испрати “бомба“, но за негова жал ја погоди само пречката.

Вардар врати со шанса преку Пиреш, но и во таа 58.минута резултатот и натаму гласеше 1:1. Интересно, иако имаа играч помалку кавадарчани беа поблиску до втор гол отколку Вардар.

Гостите, и покрај замените што ги направи тренерот Мирков, никако не успеваше да дојде до шанса за водство.

А во Фал во 84.минута имаше супер шанса за водство од 2:1, но гостите имаа многууу среќа. Каков шок ќе беше тоа за вардарци, кои снемаа сила во последната фаза од овој меч, без разлика што имаа играч повеќе. И Лусијанињо беше во шанса, но Тиквеш немаше среќа и сега.

На крајот резултатот гласеше 1:1.

ПретходноВиена не беше само уште една обична победа!
СледноНово убедливо издание: Пелистер против Дубочица се загреваше за ГРК Охрид