Тиквеш прави рекорден трансфер – го продава Сила во Турција!?

891

Турскиот спонзор во Тиквеш на маса има понуда од 650.000 евра за услугите на голгетерот од Гамбија, Нфантли Сила. Оспоруваниот Сезар Браво е на чекор да го направи најголемиот трансфер во историјата на клубот од Кавадарци со оглед на тоа дека станува збор за добра цифра и клуб од Турција кој веќе сериозно размислува да го доведе младиот голетер во своите редови. Колку за потсетување, Сила во Тиквеш дојде токму од Турција и тоа од нисколигашот Кечиоренгучу. Тој направи бум во дресот на Тиквеш со што докажа дека е врвен голгетер и на изминатите 4 средби во шампионатот има постигнато 4 гола а на дуелот со Башкими речиси и не играше а кавадарчани славеа со 0:5.

Најавата за сериозен трансфер на Сила во Турција е и причината за тоа што Тиквеш вчера се засили со нов гол-играч. Станува збор за Адешина Лукман кој беше промовиран во текот на вчерашниот ден. Барем засега непознато е дали Сила ќе настапи денедка на дуелот со Вардар и тоа дали Лукман има право за настап (дали е регистриран).

Од друга страна пак има најава дека Сила сега ќе биде продаден а до јануари ќе игра за Тиквеш. Во очекување на официјални информации од клубот во текот на деновиве со оглед ма тоа дека во Турција преодниот рок трае до петок.

За потсетување Тиквеш денеска од 17 часот во Кавадарци го пречекува првакот Вардар, како последен меч од 5. коло од домашниот шампионат.

ПретходноПлатини го повика Инфантино да ја напушти ФИФА
СледноПо елиминацијата на УС Опен: Ѓоковиќ нема да биде меѓу ТОП 10 на АТП листата!