Ќе биде “жешко“ во Кавадарци: Доаѓа Вардар, Тиквеш на “готовс“!

215
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci/

Попладнево во 17 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци се игра последниот натпревар од 5.коло во нашата елитна лига. Тиквеш ќе го пречека Вардар во меч кој секако дека предизвикува огромно внимание во нашата фудбалска јавност. Ако не беше дуелот во Кратово, каде во петокот Шкендија го победи Силекс, секако дека денешниот меч ќе беше дерби на ова 5.коло.

И не само поради пеколните горештини кои веќе еден месец непрекиното владеат во нашата земја, ќе биде „жешко“ на овој меч и поради најавите дека ќе има доста публика, домашните фанови – “Лозари“ веќе со денови се подготвуваат за овој меч со назнака дека нивните миленици мора, ама баш мора да го дадат максимумот против шампионот. Секако дека Вардар е во улога на фаворит. По двата порази од Шкендија и Струга ТЛ, шампионот и тоа како ја врати својата гордост по убедливата победа против Силекс.

Од друга страна Тиквеш почна феноменално. На првите два меча дојде до убедливи победи, потоа имаше кикс и тоа дома против Шкендија Арачиново, а во минатото коло како гостин одигра само 1:1 кај Скопје.

Но, Тиквеш со сите тие странци што ги има во своите редови, како и со домашните засилувања има добар тим, има добар тренер во Оливер Богатинов и како таков може да дојде барем до бод, ако не и до сите три денеска против Вардар.

Во блиското минато, на последните мечеви, посебно во Кавадарци, дуелите меѓу Тиквеш и Вардар биле и тоа како супер интересни, па се очекува така да биде и попладнево.

Вардар е на потег. Во таборот на шампионот добро знаат дека со евентуален пораз ќе бидат во минус од лидерот Шкендија од 9 бода и тоа по првите пет кола. Што секако за имиџот и гордоста на вардарци нема воопшто да биде пријатно.

ПретходноИ легендарната Венус Вилијамс елиминирана во 1.коло на УС Опен!
СледноИЏЕ НА ПОДИУМОТ ВО СЛОВЕНИЈА: НОВИОТ БОЛИД ТРЕТ МЕЃУ НАЈБРЗИТЕ ВО ЕВРОПА