Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски од Медитеранските Игри во Таранто најмалку ќе се врати со сребрен медал.
Во категоријата до 67 килограми, Белистојаноски стигна до финалето со три унедливи победи. Во полуфиналето славеше сигурна победа, против Балиотис од Грција со 5:1.
За потсетување во осминафиналето македонскиот репрезентативец го совлада Алмасалмех од Сирија со 6:1, а во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот Мареска со 2:0.
За златниот медал Белистојаноски ќе се бори против Боран Берак од Хрватска.










