Првиот ден од септември традиционално е ден за најважните настани на фудбалскиот пазар, но во Солун има исклучок, бидејќи дресот на Арис го понесе познатиот кошаркар Танасис Адетокумбо, брат на големата НБА ѕвезда Јанис.
Ова значи дека во следната сезона, нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ че игра заедно со братот на мега – ѕвездата.
Како што потврди клубот од Солун, Адетокумбо потпишал двегодишен договор со Арис со опција за продолжување за уште една сезона.
На овој начин, по шест години, тој се врати во грчката кошарка, каде што неговиот последен клуб бил Панатинаикос, од чии редови му се придружил на својот брат Јанис во Милвоки Бакс во летото 2019 година. Токму Јанис го поздрави доаѓањето на Танасис во редовите на клубот за кој нивниот трет брат Костас играл претходната сезона.










