Миленкоски: Контролите со Берое доаѓаат во вистински момент пред ЕП

204

Македонската машка одбојкарска репрезентација влегува во финалната фаза од подготовките за своето четврто учество на Европското првенство – ЕвроВолеј 2026. Во пресрет на континенталниот шампионат, избраниците ќе имаат и неколку контролни пресметки со бугарскиот суперлигаш Берое 2016 од Стара Загора. Гостите вечерва пристигнуваат во Скопје, а од утре се планирани неколку спаринг дуели.

„Според планот Берое ќе биде тука три дена. Ќе договориме заеднички тренинзи, спаринзи, а сигурно ќе имаме и еден или два контролни дуели. Останува да се договориме. За нас во оваа фаза од подготовките пред Европското првенство овие контроли се добредојдени“, вели селекторот Јошко Миленкоски.

Репрезентацијата продолжува со тренинзи и натпревари во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. За македонските одбојкари овие три средби ќе бидат последна сериозна проверка пред заминувањето за Софија.

ПретходноАлкалоид го прегази Ловќен: Цепелинот на Ѓорѓиев и Цехте како круна на победата (ВИДЕО)
СледноЈамал побрзо до 50 гола и од легендарниот Меси