Ракометарките поразени од Косово на последниот меч во Таранто!

246
ФОТО:.facebook.com/rfmofficial

Македонската млада женска ракометна репрезентација е поразена од Косово со 17-22 на последниот натпревар на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Таранто.

Избраничките на селекторот, Даниела Новеска на крајот остварија учинок од една победа и пет порази, што ги стави на последното место.

Дуелот не понуди квалитетна пресметка со оглед на тоа дека во првото полувреме паднаа вкупно 12 гола. Македонија даде пет, додека противникот седум.

Ања Лашкоска беше најдобар стрелец во македонската репрезентација, постигна пет гола.

ПретходноБомба за крајот на преодниот рок: Сити го носи Енцо Фернандез за 140 милиони евра!
СледноАмериканецот во МЗТ Скопје се пофали: Можам да чувам играчи на повеќе позиции