Рузвелт Вилер е новиот Американец во дресот на Пелистер

101

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е американскиот центар Рузвелт Вилер. Дваесет и тригодишниот кошаркар е висок 211 сантиметри и во Битола пристигнува како играч со интернационално искуство.

Вилер минатата сезона настапуваше во Швајцарија, каде што го носеше дресот на Женева и Масањо. Пред европската епизода, тој својата колеџ-кариера ја започна на Луизвил, а потоа се пресели на Ист Тенеси.

Вилер веднаш по пристигнувањето во Битола ќе му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе започне со подготовките со новите соиграчи.

ПретходноВолтемаде замина во Италија, денеска потпишува за Јувентус
СледноЕвертон повторно ќе го добие Грилиш на позајмица