Македонскиот каратист Матеј Белистојановски од Медитеранските Игри во Таранто најмалку ќе се врати со сребрен медал.
Во категоријата до 67 килограми, Белистојановски стигна до финалето со три унедливи победи. Во полуфиналето славеше сигурна победа, против Балиотис од Грција со 5:1.
За потсетување во осминафиналето македонскиот репрезентативец го совлада Алмасалмех од Сирија со 6:1, а во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот Мареска со 2:0.
За златниот медал Белистојановски ќе се бори против Боран Берак од Хрватска.










