Васил Гогов е нов капитен на Вардар, негов заменик е Малус!

219

РК Вардар во новата сезона ќе има нов капитен – голманот Васил Гогов. Ова е одлична одлука на раководството, тој доаѓа на местото на Гоце Георгиевски. Заменик капитен ќе биде Јака Малус.

„Играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога – да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.

Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено.

Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните играчи во тимот и важен дел од играта на РК Вардар.

Нова сезона. Нови предизвици„, се вели во известувањето на Вардар. 

ПретходноСкопје повторно ќе биде домаќин на меѓународен ракометен шампионат!
СледноБелистојаноски и го донесе првото злато на Македонија