Игра во Брајтон: Зарем овој има само 20 години?(ФОТО)

154
ФОТО:x.com/_onlyscott/status

Има луѓе чија возраст едноставно не можете да ја одредите врз основа на нивниот изглед. Ова е случај и со талентираниот фудбалер на Премиер лигата Брајтон, Малик Јалкује од Брегот на Слоновата Коска. Човекот официјално има 20 години, но многумина не веруваат во тоа…
Фудбалерите на Брајтон беа поразени минатиот викенд на гостувањето кај Челзи со 4:3, но една од главните теми на социјалните мрежи стана младиот играч од средниот ред на гостите, Малик Јалкује. Овој исклучително талентиран фудбалер, кој го постигна својот деби гол во Премиер лигата против Челзи, го привлече вниманието на гледачите поради својот изглед за време на телевизискиот пренос.
Поради забележливото опаѓање на косата, некои фанови на мрежата X (Твитер) почнаа да се шегуваат и да ги доведуваат во прашање неговите години во неверица. Како одговор на виралните објави, наскоро во јавноста се појави хумористично соопштение, во кое сатирично се наведува дека „телевизиските камери се виновни за конфузијата“. Овој хумористичен пост е всушност реакција на посериозна позадина — Јалкује страда од хронична алопеција, медицинска состојба која предизвикува опаѓање на косата и губење на пигментот на млада возраст, но не влијае на физичките способности и формата на играчот. Официјалните податоци и документацијата потврдуваат дека Малик Јалкује е роден на 18 ноември 2005 година и има точно 20 години. Најважно е што со натпреварот против Челзи, тој најави дека ќе биде одлично засилување за популарните „Галеби“.
Јалкује е роден во Мали, но игра за младинската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска. Тој е член на Брајтон од 2024 година, а претходните две сезони беше позајмен на австриски Штурм и Свонси.

ПретходноУжасни вести за Обрадовиќ: И втор клучен играч на Пао со тешка повреда (ФОТО)
СледноПромоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)