Откако со 16 години дебитираше за Струга ТЛ: Агон Демири утре ќе го има своето деби и во Купот!

145

Откако го имаше своето деби со само 16 години и шест дена во тимот на Струга ТЛ на пријателски меч со Охрид, а потоа и на официјален меч со Брегалница во ПМФЛ, Агон Демири утре ќе го има своето деби и во Купот на Македонија.

Агон Демири е подготвен да дебитира во натпревар од Купот на Македонија. 16-годишникот се гледа себеси подготвен да го даде својот придонес во натпреварот во среда против Победа од Валандово, вп 1/32 финалето од Купот на Македонија во дресот на Струга ТЛ:

Добро сме подготвени и работевме напорно во текот на овие денови. Знаеме дека нè очекува важен натпревар и ќе го дадеме својот максимум на теренот за да постигнеме позитивен резултат и да се пласираме во следната фаза.“посочи Агон Демири, кој зборуваше и за своето деби на официјален натпревар со дресот на Струга Трим Лум.

Многу сум среќен и горд на моето деби на официјален натпревар. Посебно е чувството да се игра за тимот од родниот град. Се надевам дека ќе имам можност да играм и во Купот и, доколку добијам шанса, ќе се обидам да ја искористам на најдобар можен начин.“ – изјави Демири, продолжувајќи да зборува за своето деби, за кое сонувал уште од детството. Вели дека го чека долга кариера и дека сè уште има многу да научи.

За мене, тоа е многу големо достигнување и момент што ќе го паметам долго време. Многу сум благодарен за можноста што ми беше дадена и за довербата на тренерите. Секако, дебитирањето на оваа возраст е нешто за кое сонував, но верувам дека сè уште имам многу да научам и да постигнам во фудбалот.“ – рече Демири, чија желба е да се подобрува секој ден, со цел да го достигнам врвот на фудбалот.

Мојот следен сон е да продолжам да играм и да се подобрувам секој ден. Сакам да стекнам што е можно повеќе искуство, да имам успешна кариера и постепено да ги достигнувам највисоките нивоа на фудбалот.“ – нагласи Демири, кој за неколку години се гледа себеси како игра на највисоко ниво.

За неколку години се гледам себеси како играм на највисоко ниво. Мојата цел е да работам секој ден, да се подобрувам како фудбалер и да стигнам што е можно подалеку. Знам дека патот е долг и бара многу работа, но јас сум подготвен да работам за моите соништа.“ – заврши интервјуто Агон Демири, кој на натпреварот против Брегалница влезе во игра во 75-тата минута, кога го замени Ласана Диако.

Ова беше и неговиот прв натпревар со сениорскиот тим на Струга Трим Лум на официјален натпревар

Натпреварот помеѓу Победа од Валандово и Струга Трим Лум ќе се одигра утре (среда) на градскиот стадион во Струга, со почеток во 16:30 часот.

ПретходноЅвездата на Наполи ќе мора на операција на срцето
СледноОткако Феенорд демантираше: Миовски би можел да игра во ЛШ, ама за Ласк?!