Табела по 5.коло: Шкендија остана максимална, Струга ТЛ е втора а Вардар е на – 8 бода од лидерот

203

Со вчерашниот супер интересен меч во Кавадарци, каде Тиквеш и Вардар одиграа без победник 1:1, се комплетираше 5.коло во тековната сезона 2026/27 во нашата елитна фудбалска лига. Во пресрет на мечевите од следната рунда, убаво ќе биде да се потсетиме на тоа како сега изгледа табелата.

Што се однесува до самиот врв тука нема нема промени. Шкендија остана максимална со “пет од пет“, па затоа сега има 15 бода и пет повеќе од второпласираната Струга ТЛ. Кавадаречки Тиквеш и натаму е при врвот, со вчерашниот бод против шампионот сега има вкупно 8 и се сам на третата позиција на прволигашката табела.

Дури четири екипи имаат по седум бода, тоа се Силекс, Вардар, Шкендија Арачиново и Арсими. Ова значи дека шампионот сега заостанува неверојатни 8 бода, и тоа по само пет кола, во однос на тетовските “црвено – црни“.

Штипските “сини“ се осми со 6 бода, следува Скопје, тим кој сеуште нема победа со само три бода. Додека Башкими и натаму е последен, со оет порази и со само еден постигнат гол.

ТАБЕЛА

1.Шкендија 15 (+11)

2.Струга ТЛ 10 (+7)

3.Тиквеш 8 (+8)

4.Силекс 7 (+4)

5.Вардар 7 (+2)

6.Шкендија А 7 (-3)

7.Арсими 7 (-5)

8.Брегалница 6 (-2)

9.Скопје 3 (-6)

10.Башкими 0 (-16)

ПретходноАмериканецот во МЗТ Скопје се пофали: Можам да чувам играчи на повеќе позиции
СледноОфицијално: Гроздановски и Адем го засилија ФК Скопје! (ФОТО)