Боби Стојковски од ништо направи НЕШТО кај „лавовите“

356

Скандалозниот пораз во саботата и досудениот непостоечки пенал за Пелистер во 82. минута од натпреварот беа причината за поразот на младиот состав на Македонија Ѓ.П. и солзите кај младите фудбалери чиј што труд, знаење и залагање остнаа без учинок. Но, тоа што го одиграа фудбалерите на домашниот тим и „лавовската борба“ на теренот треба да биде лекција за противникот, за силниот си скап состав на Пелистер кој незаслужено стигна до победата.

И наместо да си го добие секој заслуженото, фудбалерите на Македонија Ѓ.П го квнижија првиот пораз во оваа сеозна по ремито со Тетекс (1:1) и победата на гости кај Еуромилк (0:1).

Во овие тешки денови, без доволно финанзии и во денови по испаѓањето од лигата – дежирен пожарникар во Ѓорче Петров е искусниот „лисец“ Боби Стојковски. Склопил млади таленти кои и покрај доцниот старт на подготовките добро деливаат на теренот на сите три досегашни средби. Стојковски со стручниот штаб од ништо, прави НЕШТО во некогашниот првак, тим кој е со бројни европски настапи и освојувач на Купот на Македонија.

Таму има супер деца – имаат одличен Кристијан Ѓорѓиевски (ретко кој прволигаш има таков креатор а има само 19 години), потоа Огнен Сивески, Константино Горгиоски кој беше во Вардар, голманот Димовски а столб на екипата е искусниот стиоер Антонио Илиески.

На овие момци, им треба поддршка, им треба некој да застане позади нив и да се врати реномето на клубот со традиција. Децата и стручниот штаб го даваат максимумот, спонзорот е разочаран од тоа што некој во минатите сезони му потрошил “милиони“ за ништо.

А навивачите, „лавовите“… и тие се тука, ги има на трибините и се единствените кои барем засега кои се надворешен фактор а не го оставаат клубот сам.

ПретходноВавринка го одигра својот последен Гренд Слем натпревар
СледноАлкалоид го прегази Ловќен: Цепелинот на Ѓорѓиев и Цехте како круна на победата (ВИДЕО)