Кожув се засили со Американец кој минатата сезона играше за Маџари!

120

КК Кожув Гевгелија го официјализира ангажманот на Тери Армстронг. Американскиот бек/крило кој пристигнува во црвено-белиот дрес за сезоната 2026/27.

Армстронг својата професионална кариера ја започнува во Мелбурн Феникс во Австралија, а потоа настапуваше и за КК Рогашка од Словенија, КК Младост Земун и КК Металац Ваљево од Србија, Леувен од Белгија, Торос од Колумбија и KK Маџари Македонија.

Во сезоната 2025/26 со КК Маџари имаше одлична сезона со просек од 18,5 поени, 5,2 скока, 4,6 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар.
Неговите настапи во изминатата сезона му донесоа и признанија за играч на годината, Најдобар дефанзивец, Најдобар странски играч и најдобар бек во македонската Суперлига.
ПретходноГолем скандал во албанскиот фудбал: Претседател на клуб физички нападна помошен судија (ВИДЕО)
СледноБарселона и Арсенал се договорија за Бразилецот