Македонија може да се пофали дека на Медитеранските Игри во Таранто освои златен медал. Тоа злато на својата Македонија и го донесе каратистот Матеј Белистојаноски кој просто блескаше во текот на целиот турнир, а посебно во финалето.
Тој не го криеше своето задоволство од својот настап и големиот успех:
„Пресреќен сум. Се почувствував горд во тие моменти затоа што знаев дека сите ќе стојат исправено на македонската химна, помислив на мојот клуб, моето семејство и колку горди ги направив со ова злато. Во ниту една борба немав притисок, бев сконцентриран и тактички подготвен, верував во себе во секој момент и тоа придонесе да го освојам ова злато и да ја направам Македонија горда. На сите ќе им препорачам да веруваат во себе, да тренираат и никогаш да не се откажуваат затоа што се е можно, никогаш не знаеме што може да донесе спортот. Ова е моја година затоа што станав и европски и медитерански шампион и тоа е голем успех, среќен сум што ја направив Македонија во горда. Но, јас сум млад и времето е пред мене, се надевам дека некогаш каратето ќе се врати на Олимписките игри и ќе имам можност да освојам олимписки медал“ посочи Белистојаноски.










